СДСМ: Никој нема да биде амнестиран за нередите во Собранието

Скопје, 23 мај 2017 (МИА) - Македонија нема да биде правна држава се додека во целост не биде расчистен организираниот напад во Собранието, истакнуваат од СДСМ и нагласуваат дека никој нема да биде амнестиран од одговорност без разлика дали е пратеник, полицаец, припадник на АРМ, судија, обвинител или обичен граѓанин.

- Вчерашните снимки од безбедносните камери во холот на Собранието го докажаа директното учество на ВМРО-ДПМНЕ во обидот за организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за убиство на дел од пратениците. Снимките се клучниот доказ дека Никола Груевски лаже.

Иако постојано тврдеше дека неговата партија нема ништо со упадот во Собранието, на снимките од надзорните камери јасно се гледа дека најмалку шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од нивната коалицијата, и помагаат и ја поттикнуваат групата во извршување на низа кривични дела, изјави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Тој посочи дека целата јавност можеше да види кој го планирал, поттикнувал и го организирал упадот на толпата на 27 април.

Според Шилегов, денешните ослободителни пресуди за учесниците во толпата се криминал, срам и можеби еден од најцрните денови во историјата на македонското судство.

Тоа, како што појасни, значи дека „Зврлевски, судските извршители на Груевски, како и Митко Чавков, пратениците на снимките, структурите од УБК, МВР и АРМ кои учествуваа во нападот, како и нарачателите и непосредните извршители на кривичните дела ќе мора да одговараат за своите постапки пред независни и професионални судови, согласно Уставот и законите на Република Македонија“.

Прашан дали Заев утре ќе оди во Брисел, Шилегов рече дека Заев како мандатар за состав на новата влада добил лична покана од Федерика Могерини за присуство на утрешната средба. Прецизира дека Заев прво ќе има билатерална средба со Могерини, а потоа ќе присуствува на заедничката вечера со премиери од регинот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...