Средба на Тимоние со деканот на ФЕИТ Ташковски

Скопје, 7 јуни 2017 (МИА) - Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Димитар Ташковски денеска имаше средба со францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние.
На средбата, на која присуствуваа и продеканите, амбасадорот се запозна со тековните наставни, научни и апликативни активности на Факултетот, но и упати порака дека Франција е отворена за соработка со оваа високонаучна институција.
На средбата деканот ги презентирал новите и иновирани студиски програми на ФЕИТ, кои се акредитирани од учебната 2017/2018-та година, но и меѓународните проекти на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Посебен акцент бил ставен на соработката со француските универзитети и компании од областа на електротехниката и информациските технологии.
На денешната средба се разговарало и за концептот на „Центар за трансфер на технологии и иновации - INNOFEIT“ со кој Факултетот очекува да прерасне во центар за извонредност во областа на ИКТ сервиси за новите мрежни инфраструктури.
Францускиот амбасадор изразил отворена поддршка за сите активности на Факултетот. Ги презентирал можностите кои Француската амбасада во Скопје ги нуди за студентите на ФЕИТ, но, не го изоставил и академскиот кадар.
На средбата се разговарало и за можностите асистентите од ФЕИТ да престојуваат на некој од француските универзитети, а се потенцирало и постоењето на стипендиите кои им стојат на располагање на студентите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...