Унапредување на соработката со Франција за модернизација на АРМ

Скопје, 19 јуни 2017 (МИА) - Унапредувањето на одбранбената соработката меѓу Македонија и Франција е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста на Балканот и пошироко. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Франција Кристиан Тимоние, во Министерството за одбрана.

- Реформите кои ќе ги спроведеме во областа на одбраната се важен влог за побрзо интегрирање на земјата во НАТО но и во ЕУ. Ќе работиме да создадеме амбиент на доверба и подобра регионална соработка. Резултатите кои ќе ги постигнеме ќе ја зацврстат поддршката на земјите членки за влез на Македонија во НАТО. Со членството на Република Македонија во НАТО ќе се зацврсне стабилноста и безбедноста на целиот Регион, рече Шекеринска.

На средбата стана збор и за можноста за унапредување на соработката меѓу Македонија и Франција во однос на модернизацијата на АРМ.

Амбасадорот Тимоние на средбата истакна дека вратите на НАТО се отворени и дека неговата земја е заинтересирана соработката со Македонија да се унапреди.

На денешната средба присуствуваше и новото одбранбено аташе на Република Франција во Република Македонија, Жан Марк Лавали на кого министерката Шекеринска му посака добредојде и му посака успешна соработка и продлабочување на истата во наредниот период, соопшти Министерството за одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...