СДСМ: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци врз судството

Скопје, 24 јули 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше судството, а преку „Сваровски“ инсталациите од тефтерот на Гордана Јанкулоска, го злоупотребуваше правосудниот систем да врши прогон и да се пресметува со неистомислениците на Никола Груевски и неговите соработници, наведува СДСМ во пишаната реакција на денешната изјава на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

- Денес кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со одговорноста за сето она што им го направи на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ во страв и очај продолжува преку секојдневни прес-конференции пред правосудните институции да врши притисок и да се заканува на судии и обвинители. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисок врз судиите и нарачауваше судски предмети и пресуди.

Реформите во судството кои ќе се спроведуваат согласно најдобрите европски пракси, носат професионално и независно судство и го враќаат угледот на судството што ВМРО-ДПМНЕ го наруши. Македонија ќе биде правна држава, а секој оној кој направил какво било криминално дело ќе понесе одговорност, без разлика на неговата етничка, религиозна, партиска и каква било припадност, стои во реакцијата на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...