СДСМ: Последните изјави уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието

Скопје, 24 август 2017 (МИА) - СДСМ смета дека последните информации во медиумите уште еднаш потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски стојат зад насилниот упад во Собранието на 27 април и крвничките напади што се случија на овој ден и побара одговорност од инволвираните.

- Објавените изјави покажуваат дека спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, спротивно на интересите на граѓаните, структури на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, во институциите, дозволила странски разузнавач да влезе во Собранието. Крвавите настани во Собранието беа резултат на насилството на кое подолг период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ и од нивните соработници, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Македонија избрала промени и сега, како што посочуваат, чекори по нов пат, на нови вредности кои значат единство, почитување, мир и толеранција.

Но, додаваат, одговорност за сите што учествувале во насилство во Собранието, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да има, за никогаш повеќе да не се повтори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...