Распишана потерница по Едмонд Темелко

По градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, распишана е централна и меѓународна потерница, информираат од скопскиот Кривичен суд.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје вчера го прифати барањето на СЈО и му определи на Темелко мерка 30-дневен притвор, која ќе важи од денот на неговото наоѓање.

- Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерка притвор против обвинетиот Е.Т., на нејавна седница одржана на 25.09.2017 година, веднаш по прием на предлогот во судот, донесе решение со кое го уважи предлогот на СЈО и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, се наведува во денешното соопштение од Судот.
Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...