Спасовски: Прекршочни пријави за осум лица за тепачката во Шуто Оризари

Полицијата поднесе прекршочни пријави за нарушување на јавен ред и мир  против осум лица кои учествуваа во тепачката на 2-ри овој месец на ул. „Гвадалахара“ во населбата Шуто Оризари, соопшти денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.



Министерот соопшти дека против пријавените Ш.Д., Ф.Ф., Ј.С., Х.А., Х.М., Х.И., Е.Б. и А.М., СВР Скопје изготви записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а целокупниот материјал е доставен до Основното јавно обвинителство – Скопје.

- МВР е одлучно во намерата, а за тоа имаме достатичен капацитет да ги открие и согласно законите да ги процесуира сите вакви настани кои се закануваат да фрлат дамка врз претстојниот изборен процес, истакна Спасовски.

Министерот нагласи дека независно кој од која политичка партија доаѓа, кој чиј симпатизер е, за МВР единствено примарно ќе биде почитувањето на законите што ќе важат за сите подеднакво.

Спасовски апелираше до сите политички партии, како и до граѓаните да ги почитуваат демократските нормативни стандарди за мирни, фер и демократски избори.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека според првични информации, пожарот во куќата на кандидатот за градоначалник од Ѓорче Петров Владо Мисајловски, избувнал поради неправилно изѕидан оџак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...