Македонија го празнува Денот на антифашистичкото востание

Седумдесет и шест години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна денеска во Република Македонија ќе бидат одбележани со повеќе настани организирани од Владата, Собранието, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово.

Централниот настан ќе се одржи претпладне пред Споменикот на ослободителите на град Скопје, во дворот на Владата. Венци со цвеќе пред споменикот ќе положат делегации на Сојузот на борците предводена од Никола Стојановски, на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, на Собранието предводена од пратениците Јулиана Николова и Диме Велковски, делегација на АРМ предводена од заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Мухамет Рацај, како и други делегации на државните институции и од дипломатскиот кор.

Предвидени се и кратки обраќања на Стојановски, Заев и Рацај, како и настап на Воениот оркестар на АРМ.
Владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјата во Прилеп и Куманово - градовите во кои во 1941 година почна народниот отпор против фашизмот. Владината делегација во Прилеп ќе ја предводат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а собраниската пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец. Тие ќе положат цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто и Кузман Јосифовски Питу, како и на спомен-обележјето Могила на непобедените. Кај Спомен-костурницата во Куманово владината делегација ќе ја предводи вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а собраниската пратеникот Мирослав Јовановиќ.

Tрадиционално по повод празникот, во Собранието на Република Македонија напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“. Годинашни лауреати се музичарот Влатко Стефановски, кој ќе ја добие наградата за животно дело во областа на културата и уметноста, и историчарот проф. д-р Амет Шериф, кому наградата „11 Октомври“ му се доделува за животно дело во областа на науката и образованието.

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.
11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.
Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.
За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.
Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, и е на пат кон евроатлантските интеграции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...