ДИК: СДСМ води во 49, ВМРО-ДПМНЕ во 10, а ДУИ во 12 општини

Според првичните резултати што вечерва на прес-конференција ги соопшти Државната изборна комисија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 49 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 10 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски на прес-конференцијата, соопштувајќи дел од изборните резултати, оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера и оти генерално имало успешен изборен ден.

- Во текот на денот избирачките одбори во општинските изборни комисии се соочуваа со по некој технички проблем, но ДИК преку соодветни упатства ги надмина и сметам дека генерално имавме успешен изборен ден, рече Чичаковски.

ДИК во рок од 12 часа по затворањето на избирачките места треба да ги даде првичните резултати, а според најавите на Чичаковски се очекува утре околу 11 или 12 часот да излезат со првични резултати.

До еден часот по полноќ во ДИК обработени се 60,59 проценти од гласовите



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...