Во Собранието треба да се гласа за уставни судии и за законот за јазиците

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 27. седница треба да се изјаснат за предлозите на претседателот Ѓорге Иванов, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски да бидат нови уставни судии.



На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за употреба на јазиците. Покрај 27. седница, за денеска се закажани уште пет други, како и седници на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната седница.
Се уште нема информација дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се вклучат во работата на Парламентот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски за денеска најави координација на која ќе се одлучува кои чекори партијата ќе ги преземе во иднина. 

За напладне во Собранието е најавено најнапред продолжение на 27. седница, на која на дневен ред се, меѓу другото, Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија, Предлог на закон за употреба на јазиците, во второ читање, измени и дополнувања на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи, во прво читање и неколку други закони и одлуки.

На 26-та седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, на 22-та се реформските измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, двата по скратена постапка.
Закажани се и продолженија на 11-та, 13-та и 15-та седница, со по неколку точки на дневниот ред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...