Пријавете се за учество на 9-oт Сараево Бизнис Форум и запознајте се со инвестицискиот потенцијал на регионот со над 30 милиони луѓе

Скопје 12 април 2018, Регистрациите за учество на водечката бизнис и инвестициска конференција во Југоисточна Европа, 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018 (СБФ) кој ќе се одржи во Сараево на 25 и 26 април под мотото "Еден регион, една економија" се уште се отворени.



Секоја година на СБФ има сè повеќе гости кои се заинтересирани за бизнис вмрежување и изнаоѓање нови можности за инвестирање во регионот со 30 милиони луѓе. Тие доаѓаат во главниот град на Босна и Херцеговина за да дознаат повеќе за потенцијалите што ги нудат БиХ, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора..

Сараевo Бизнис Форум ќе биде домаќин на претставници на институции од регионот, стопански комори, компании и бизнис претставници од државниот и приватниот сектор, со што оваа дводневна конференција претставува исклучителна можност за воспоставување директни контакти кои веќе доведоа до бројни успешни бизнис приказни што започнаа на претходните состаноци што се одржаа во минатите години на СБФ.

"Сараево бизнис форум ги поврзува инвеститорите и бизнисмените од сите краишта на светот со бизнисмените и креаторите на проектите од земјите од регионот на Југоисточна Европа. Ве повикуваме да аплицирате за учество на водечката инвестициона конференција во овој дел од светот, со цел да дознаат повеќе за придобивките од растечкиот пазар и да го признаат потенцијалот понуден со инвестирање во постоечки бизниси или со започнување на нови проекти", рече Амер Буквиќ, претседател на Управниот одбор на BBI Bank, по повод одржувањето на 9-тиот Сараевo Бизнис Форум.

Значителен број на инвеститори веќе го препознаа својот интерес за регионот, кој според стапката на раст на туризмот е едeн од првите десет туристички дестинации во светот. Ова е причината зошто тие веќе имаат воспоставено бизниси во овој сектор. Сепак, покрај извонредната убавина на природата со која што располагаат земјите од Југоисточна Европа меѓу кои и Македонија, во просторот со само неколку стотини километри се вклучени планински венци, езера, реки, Јадранското Море, Охридското Езеро и градови чии споменици се под заштита на УНЕСКО, овој регион нуди многу дополнителни можности за инвестирање. Енергетика, земјоделство, недвижности, инфраструктура, ИТ индустријата, прехранбената индустрија, образованието, финансиите, спортот и културата се сегменти во кои може да се инвестира, а тие се области во кои ќе се презентираат голем број проекти на овогодишната конференција. Со цел да се постигне уште посеопфатно и поефикасно деловно поврзување, специјално дизајнираната онлајн платформа (www.sbf.talkb2b.net) посветена на презентирање на свои компании и проекти може да се искористи за запознавање со поднесените проекти и пред почетокот на конференцијата , како и да закаже B2B средби што ќе се одржат на вториот ден од 9-тиот Бизнис Форум.

Регистрацијата за учество на Сараевскиот бизнис-форум трае до 10 дена пред почетокот на СБФ. Можете да се регистрирате на веб-страницата на SBF: www.sarajevobusinessforum.com со кликнување на иконата http://sarajevobusinessforum.com/registration- participant.

Bosna Bank International (BBI) е организатор на СБФ во соработка со Исламската банка за развој (IDB). Минатата година на Сараево Бизнис Форум присуствуваа повеќе од 1.700 луѓе, меѓу кои 330 акредитирани новинари, а одржани беа повеќе од 300 директни средби на бизнисмени и претприемачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...