Македонски Телеком дел од акцијата „Час на планетата Земја“

Македонски Телеком и годинава ќе биде дел од најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“.

На 24 март (сабота) во периодот од 20:30 до 21:30 часот компанијата ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, со што ќе се испрати порака за спас на планетата Земја.

Со години наназад, климатските промени се еден од најсериозните проблеми на денешницата, па затоа Македонски Телеком традиционално е дел од глобалните иницијативи за климатски промени и одржлив развој, покажувајќи ја на тој начин не само својата општествена одговорност, туку и посветноста за заштита на човековата околина. Во таа насока, компанијата се стреми кон оддржливо општество за новите генерации, а во своето секојдневно работење постојано превзема мерки за подобрување на животната средина.

Годинава започнати се повеќе иницијативи во рамки на проектот „Тelekom Goes Green“ со кој Македонски Телеком се вклучува во борбата за чист воздух и здрава животна средина. Возниот парк е збогатен со паметни велосипеди за здрави и корисни навики на вработените, како и со првото електрично возило, како чекор кон борбата против аерозагадувањето во главниот град.

Дополнително, Македонски Телеком применува и иновативни решенија за зголемување на енергетската ефикасност, а намалувањето на потрошувачката на енергија го постигнува со воведување на нови современи комуникациски технологии. За контрола на потрошувачката на електрична енeргија во административните објекти воведен е систем за автоматско вклучување на светлата. Компанијата прави селекција и соодветно постапува со опасниот отпад како што е електронскиот и електричниот отпад, отпадот од батерии и акумулатори. Грижата за животната средина се потврдува со повеќе мерки за намалување на користењето на хартија, а една од позначајните во која партнери се корисниците е воведувањето на електронска сметка како замена за хартиената. Како доказ за постојаната грижа за животната средина е и континуираното преиспитување на барањата на стандардот ISO 14001:2004.

Со поддршката во акцијата „Час на планетата Земја“, Македонски Телеком дава свој придонес во подигањето на свеста за климатските промени и истовремено ги поттикнува и останатите компании, поединци или организации активно да се вклучат во зачувување на здрава животна средина за идните генерациии.

Планетарното движење „Час на планетата Земја“ е покренато од World Wildlife Fund организацијата, а во акцијата учествуваат повеќе од 180 држави ширум светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...