Ле Роа: Договорот не е совршен, но го отвора патот кон ЕУ и НАТО

Скопје, 21 септември 2018 (МИА) - Спогодбата не е совршена, но е важна. Имаме доверба и оптимисти сме дека сите што и мислат добро на иднината на Македонија ќе излезат и донесат одлука што ќе ја приближи и до ЕУ и до НАТО, се пораките од Франција, изнесени во рамки на панел-дискусијата „Реформи, референдум и евроатлантски-интеграции на Република Македонија“, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Почесниот амбасадор на Франција, Ален Ле Роа, порача дека дошол во Македонија затоа што земјата е пред силен историски момент и оти интересот на сите странски претставници кои доаѓаат да го искажат своето мислење е знак и на внимание и на пријателство, но никогаш знак на закани.
- Постои едногласност во рамки на Европската унија и тоа беше напишано во рамки на одлуките од Европскиот совет. Постои едногласност за поддршка на Преспанскиот договор. Утре ќе биде објавено видео со порака од францускиот претседател Емануел Макрон, со јасна порака и поддршка на договорот и поддршка за референдумот, рече Ле Роа.

Посочи дека претседателот Макрон, во видео пораката, оди дури дотаму што го охрабрува населението да излезе да гласа и да гласа „за“.
- Тоа е негова желба, но сепак одлуката останува на македонското население, но тоа е и поддршката од највисоко ниво од Франција. Тоа е нешто што е усогласено со ставот на Европската унија. Канцеларката Меркел дојде и го кажа истото, а истото ќе го повтори и претседателот Макрон, рече Ле Роа.
Размислувањето на Франција, продолжи тој, е дека договорот не е совршен, затоа што никој договор не е совршен.
- Првиот договор меѓу Де Гол и Аденауер, што прерасна во Елисејски договор, беше многу критикуван. Тој договор не беше совршен, како што и овој договор не е совршен, но со тоа се отвори пат на едно совршено помирување меѓу Франција и Германија, рече Ле Роа.

Македонија, порача тој, беше една од земјите на Балканот, што прва го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација и во 2005 година и беше доделен статус на земја кандидат.
- Главната пречка сите овие 25 години е прашањето за името и сега ако постои можност да се надмине таа кочница, очигледно е дека Европската унија и Европејците ќе ве поддржат, рече Ле Роа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...