Телата на тројцата загинати во сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија

Телата на тројцата починати Македонци од сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија, а 15-мина се уште се наоѓаат на лекување во Ниш и Лесковац, соопшти дописникот на МИА од Белград.

-По завршената обдукција во Лесковац, тројцата починати од сообраќајната несреќа, 68-годишната К.К од Кочани, 68-годишниот маж В.Ш.од крушевското село Бучин и 63-годишната В.К од Кавадарци денеска ќе бидат транспортирани за Македонија.

Дванаесетте лесно повредени патници и двете деца, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“, во Лесковац, вчера организирано беа префрлени во Македонија. Од болницата во Лесковац пуштен е на домашно лекување уште еден од повредените Македонци, така да во оваа болница се наоѓаат седум полесно повредени патници.

Осуммината потешко повредени Македонци се уште се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, од кои две патнички со тешки повреди на главата, на рбетниот столб и со фрактура на карлицата, се во сериозна здравствена состојба и приклучени се на апаратите за дишење. Сите останати се стабилизирани и не се животно загрозени. Лекарите во овие болници ја следат состојбата на повредените и како што ни изјавија по подобрување на здравствената состојба во договор со македонските здравствени институции, пациентите ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.

Во болницата во Лесковац се наоѓа вториот возач на „автобусот на смртта“, кој е во стабилна здравствена состојба и има полесни повреди. Тој на дописникот на МИА изјави дека во моментот на сообраќајната несреќа во 01 часот и 45 минути спиел и не знае како дошло до трагичниот настан.

Од полицијата и од истражните служби на Србија, не информираа дека истрагата се уште е во тек и дека наскоро ќе излезат со целосни податоци. Возачот на автобусот, кој во Србија го нарекоа „автобус на смртта“, според српските закони, пред се, поради трите жртви, се наоѓа во притвор.

Патниците кои патуваа од повеќе градови во Македонија за Виена со превозникот Еуро Бус од струшкото село Велешта, беа претежно наши печалбари, а во моментот на несреќата сите спиеле.

Според сведоштвото на преживеаните до несреќата дошло поради лошите снежни услови, голомразицата и неприлагодена брзина на возачот на автобус од речиси 100 км. на час и можноста возачот да има заспиено зад воланот.

Автобусот ја изгубил контролата, излетал од автопатот, по што се превртел повеќе пати. Благодарејќи на навремената интервенција на осум возила на Итната медицинска помош од Ниш и Лесковац, на пожарникарите и случајни патници, кои под автобусот ги извлекувале повредените, спречено е да дојде до поголема трагедија.

Голема и несебична помош била дадена и од градоначалниците на Лесковац и Ниш, од медицинските установи од овие градови во спасување и згрижување на повредените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...