Отворена сметка за донации за семејствата на настраданите и повредените во трагедијата кај Ласкарци

Гостиварската локална самоуправа отвори посебна донаторска сметка за помош на семејствата на загинатите и на повредените во автобуската несреќа во близина на селото Ласкарци. Одлуката на Советот на Општина Гостивар, за отворање на сметката беше едногласно усвоена на 12-тата седница и таа е веќе активна.



Средства може да се донираат на жиро-сметка број: 716014021578990 Приходна шифра: 72591600 Цел на дознака: Поддршка на настраданите во трагедијата во Ласкарци

– Гостиварци и граѓаните на Македонија генерално, отсекогаш знаеле да се покажат како хумани и солидарни. Да го докажеме и овој пат нашиот хуманизам и да ги споделиме болката и загубата заедно со настраданите во најголемата трагедија што го погоди Гостивар, наведуваат од локалната самоуправа.

Жиро-сметката ќе биде отворена на неопределено време, а во зависност од собраните средства, Советот ќе одлучи за начинот и износот што ќе биде доделен поединечно.

Од локалната самоуправа потсетуваат дека семејствата на загинатите и другите патници во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, можат да поднесат барање за финансиска помош во Општинскиот центар за услуги, што се наоѓа на приземјето на општинската зграда.

Согласно одлуката на Советот на општина Гостивар на семејствата на настраданите им се доделува парична помош од 30.000 денари, а на останатите патници по 15.000 денари.

– Дел од семејствата и граѓаните на кои им следува оваа еднократна паричната помош, веќе се пријавиле, додека останатите за да го остварат правото мора да поднесат барање, наведуваат од општина Гостивар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...