Не барам податоци за истраги, но чесно и одговорно е да го информирам потенцијалниот инвеститор

Немам намера да барам податоци за предистраги или истраги, тоа не е во доменот на мојот интерес…Ако опозицијата се обрати до мене и побара одредени одговори и тие се даваат, дали е тоа доказ дека ние имаме тајна соработка, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи му на пратеникот Антонио Милошоски кој го праша премиерот дали има тесна координација и соработка со Јавното обвинителство, дали тоа редовно го информира за истраги и предистраги на негово барање, со што се нарушува неговата независност.

Милошоски се повика на изјава на премиерот Зоран Заев од прес-конференција во понеделникот во која во одговор на новинарско прашање во врска со т.н. случај „Рекет 2“ – за инвестирање на шведскиот Диаверум во центрите за дијализа Диамед, рекол дека е чесно, логично и одговорно секој инвеститор да го запознаат со сите информации во интерес на привлекување странски инвеститори, иако знаел дека истрагата не е затворена. Опозицискиот пратеник истакна дека е прекршен Законот за кривична постапка со тоа што е оддадена тајна за предистрага за домашната компанија.

Заев нагласи дека е чесно инвеститорот, странски или домашен, да биде информиран кога доаѓа заедно со амбасадорот и бара информација од државата. Се работи, рече, за голема инвестиција вредна милиони евра и додаде дека и „јавноста знае дека во моментов поради таа истрага се блокирани 11 милиони евра и логично е потенцијалниот инвеститор да знае со што се може да се соочи“.

-Кога се обраќаат до државните институции одредени институции од правосудството – судот или обвинителството, автоматски сте информирани дека некаде се води предистрага. Кога побара амбасадорот на Шведска да примам потенцијални инвеститори кај мене, во присуство на министерот за здравство и директорот на ФЗОМ, тогаш и научив дека се бара информација која институцијата што ја бара, Обвинителството, вели дека е за потреби за предистрагата, за тој и тој предмет ги бараме тие и тие податоци… Апсолутно сте свесен дека се води истрага. И кога ќе дојде потенцијален инвеститор, логично е да го запознаете дека за нешто се води истрага. И до тука кажувате. Не можете да кажете дали истрагата ќе заврши со затворање на предметот, со обвинителен акт или слично, рече Заев.

Додаде дека овој случај наречен „Рекет 2“ се иницира од политички потреби и порача да се остави текот на истрагата за која, според него, има основ. -Овој предмет побуди интерес на јавноста уште во 2014 година кога е склучен, кога е направена постапката. Нека се утврдат овие факти и дефинитивно никој немал намера ниту нешто да спречи, ниту нешто да направи, рече премиерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Психијатар му вели на пациентот:
- Веќе сте целосно здрав. Можете слободно да си одите дома.
- Колку жално. Цела година бев Арнолд Шварценегер, а сега сум никој и ништо.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1422.- Умре францускиот крал Шарл ВИ, кој на...
1556.- Во Венеција умре Пиетро Аретино,...
1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика...
1772.- Роден е англискиот писател и мислител...