Дебата за справување со загадувањето

Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) вечер во Младинскиот културен центар, кино „Фросина“, организира дебата „Аргумент: Организирано изразување“.

Тезата на која присутните ќе дискутираат е „Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справувањето со загадувањето“.

На дебатата, како што е најавено, ќе учествуваат заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, директорот на депонијата „Дрисла“ Горан Ангелов, Невена Георгиевска од О2 Иницијатива, Стојан Велков од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ и Аријанид Џафери од Движење „Еко герила“.

Дебатата е во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...