Со хуманитарна акција се прославува 40-от роденден на нашата хуманитарна ѕвезда Тоше Проески

Традиционално со крводарителска акција, уметнички цртежи и песни од Тоше се прославува четириесеттиот роденден на македонската ѕвезда. Настанот се одржува во Домот на АРМ, меѓутоа со поразлични услови поради Ковид состојбата.


Според Александра Валкановска, претставникот од Црвен крст, Тоше му остави аманет на својот народ, а тоа е да биде хуман.



-Станува збор за една традиционална крводарителска акција која што веќе еве седумнаесети пат по ред се организира тука во Домот на АРМ, секако дека се малку изменети условите под кои се организира акцијата односно согласно со протоколите за заштита од Ковид вирусот, тука се волонтерите на Црвен крст кои мерат температура, јас навистина сум среќна што веќе имаме дарители и очекуваме успешна крводарителска акција како и изминатите години, изјави Валкановска.

Таа додаде дека бројот на крводарители во изминатите години бил 4.830.

-Бројката е достојна за почит, хуманоста е она што Тоше го остави како аманет за идните генерации, затоа што тој беше голем хуманист, крводарител, редовно ги поддржуваше крводарителските акции и беше наш заштитен знак во кампањата „Давај крв, биди хуман“, затоа навистина ми е драго што традицијата живее и треба да продолжи, потенцира претставникот од Црвен крст.

Капка крв за капка надеж! Крводарителите се особено среќни што овој ден го одбележуваат со ваков хуман гест.

-Крводарителството е важно првенствено за себе затоа што се прочистува крвта, а друго спасувате човечки живот, рече еден од крводарителите.

Според крводарителите Тоше ќе биде запаметен како хуманитарен човек кој несебично давал помош на сите.

Медицинските лица пак, излегоа со порака – граѓаните да дојдат и во текот на денот да дадат од својата драгоцена течност

-Како и секоја година еве и оваа се собравме да го одбележиме роденденот на Тоше, она што е исто е тоа дека ние сме подготвени да ги примиме сите крводарители, додека пак она што е поразлично е тоа што се наоѓаме сред пандемија заради која треба да се запазат протоколите за заштита од вирусот, изјави доктор Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина.

На настанот секој од крводарителите си доби уникатен цртеж со цвеќиња на мирот и хуманоста, изработен на лице место, направени од сликарот Цветин.

-Јас традиционално учествувам на овој настан уште од самиот почеток, годинава по повод 40 години од раѓањето на Тоше, ќе подарам 40 слики, ќе ги дадам на најхуманите, на крводарителите, изјави Живко Поповски Цветин, сликар и хуманист.

Ако сакате нешто убаво да направите, пред се за вас, а потоа и за некој друг што навистина има потреба, можете тоа да го направите преку најхуманиот чин – дарувањето крв, ова е пораката која беше испратена на настанот кој трае до 17 часот и се одржува на денот на раѓањето на една од најхуманата јавни личности која прерано не напушти, Тоше Проески. Тој загина на 16 октомври 2007 година, а денеска требаше да наполни 40 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...