Американскиот универзитет на Европа – ФОН станува дел од елитата на универзитети за сајбер безбедност

Американскиот универзитет на Европа – ФОН во соработка со ThriveDX отвораат Академијата за сајбер безбедност која што ќе биде регионален центар за обука на професоналци областа на сајбер безбедноста. Академијата за сајбер безбедност при АУЕ – ФОН ќе креира кадри кои ќе се стекнат со компетенции и дигитални вештини за заштита, безбедност и начини за справување со заканите во интернет просторот, како еден од најголемите предизвици на денешницата.



Американскиот универзитет на Европа – ФОН станува дел од елитата, односно од листата на светски универзитети како што е State University of New York oд САД, кои што ги следат технолошките трендови и со ThriveDX отвораат Академија за обука на професионалци кои ќе бидат подготвени за превенција и решавање на опасностите во дигиталниот свет, со цел да обезбедат заштита на податоците на компаниите и нивните корисници.

Во рамки на Академијата за сајбер безбедност која стартува од октомври, заинтересираните ќе можат да следат програма за почетници Cyber Bootcamp – FROM 0 TO HERO кои немаат никакво претходно познавање, како и обука за ИТ професионалци со претходно работно искуство од областа на сајбер безбедност.

Програмата за почетници е адаптирана на слични курсеви од израелско воено разузнавање и фокусот повеќе е ставен на практичната работа и пракса, отколку на теоријата, додека обуката за ИТ професионалците е дизајнирана да ги подготви поединците за транзиција во нова и возбудлива кариера во сајбер безбедноста, како многу барана и профитабилна професија.

По завршувањето на Академијата за сајбер безбедност, апликантите се стекнуваат со меѓународно признат сертификат, како гаранција за сигурно вработување на различни работни позиции од областа на сајбер безбедноста. Предвидено е програмите да се реализираат преку платформа за е-учење.

Отворањето на регионалната Академија за сајбер безбедност на АУЕ - ФОН заедно со ThriveDX произлегува од зголемената потреба на креирање на професионални кадри за сајбер безбедност како резултат на сè почестите закани, опасности и напади во дигиталниот свет. Со порастот на сајбер криминалот, потребата од професионалци за сајбер безбедност станува критична на светско ниво. Според последните статистики, стапката на невработеност во сајбер безбедноста е 0%, а растот на работните места се предвидува да порасне за 350% во следните неколку години.

Оттука, АУЕ – ФОН со отворањето на Академијата за сајбер безбедност им овозможува на заинтересираните да се стекнат со знаења и вештини кои се дизајнирани за заштита на мрежите, уредите, програмите и податоците од недозволен пристап и напади кои секојдневно се случуваат во интернет просторот, а меѓународно признатиот сертификат обезбедува сигурна и загарантирана кариера на секој професионалец од областа на сајбер безбедност.

Глобалната компанија ThriveDX има свои центри за обука од областа на сајбер безбедноста на голем број светски универзитети како што се: State University of New York, University of Miami, New Jersey Institute of Technology, North Carolina State University, Kansas State University, University at Buffalo, Molloy University, College of Eastern Idaho, Grand View University и други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...