Бојмацалиев: Членството во НАТО не стави под заштита на една од најмоќните алијанси во светот

Членството во НАТО не беше само формално пристапување кон една организација - тоа претставуваше квантен скок напред кон безбедност, стабилност и просперитет за нашата земја и нашиот народ, оценува дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Во објава на „Фејсбук“, Бојмацалиев посочува дека влезот во НАТО нè става под заштита на една од најмоќните безбедносни алијанси во светот, што, како што вели, значи дека нашите граници и нашата сувереност се заштитени од надворешни влијанија.

- Го отворивме патот за соработка со другите членки, што доведе не само до подобри можности за економски развој и интеграција во евроатлантската заедница, туку и го засили нашиот глас во меѓународната заедница. Пристапувањето во НАТО беше одраз на нашата посветеност кон заедничките вредностите што ги споделуваме со другите членки - демократијата, правата на човекот и правната држава. Ние сме дел од глобалната заедница што се бори за мир и стабилност. #НиеСмеНАТО, стои во објавата на „Фејсбук“.

Бојмацалиев денеска присуствуваше на одбележувањето на четиригодишнината од членството во НАТО и Денот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...