Вонредната седница на Советот на Град Скопје за барањето за приватните превозници

Советот на Град Скопје, според најавите, денеска во 13 часот треба да одржи вонредна седница за предлог одлуката за зголемување на цената за изминат километар за приватните превозници.



Тие вчера имаа средба со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари. Ваквиот предлог беше прифатлив за приватните превозници кои се откажаа од најавените блокади во понеделник и најавија дека наместо на блокади најверојатно од понеделник ќе се вклучат во сообраќај.

- Треба да направиме координација со нашите превозници, знаете дека финансиски ние сме исцрпени. Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже градот во однос на ова и откако ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје, изјави вчера Јовица Зафировски како претставник на приватните превозници.

Приватните превозници во знак на револт ги исклучија своите автобуси од сообраќај затоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...