Истрага за обид за убиство и насилство во Струга

Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – обид за убиство и за насилство, а вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.

Државното Јавно обвинителство информира дека на 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил „бмв Х6“ го попречил патот на „фолксваген голф 7“ во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице.

-Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото. Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста, соопшти ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е тоа автокефална жена?
- Тоа е жена која си ги прави кејфовите во кола.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1522.- Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел...
1569.- Умре Питер (Стариот) Бројгел (Брухел),...
1683.- Умре Жан Батист Колбер, француски...
1766.- Роден е Џон Далтон, англиски хемичар и...