Охриѓанец предизвикал пожар на глисер на негов брат, зафатени зграда и автомобил

Охриѓанец се сомничи за предизвикување пожар на глисер на неговиот брат. Пожарот зафатил и дел од зграда и патничко возило, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска во три часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Охрид го лишиле од слобода З.С., 52-годишен охриѓанец. Тој се сомничи дека околу 2:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев“ во Охрид, предизвикал пожар на глисер, што се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што се сопственост на неговиот 45-годишен брат Ј.С. од Охрид, појаснија од МВР.

Немало повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица - Охрид.

- З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додадоа од МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот


Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1847.- По низа победи во...
1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски...
1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд...
1982.- На приодот на Монте Карло, во Франција во...