Мицкоски за декласификацијата на прислушуваните материјали: Си има процедура Обвинителството

Премиерот Христијан Мицкоски за барањето за декласификацијата на прислушуваните материјали по наводите за негово незаконско прислушување како опозициски лидер денеска изјави дека Обвинителството има процедура.



- Си има процедура Обвинителството, во нивни раце е, така што на таа тема повеќе нема што да додадам, сепак тоа се теми во кои сум бил индиректен учесник и не би имал што да кажам, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на ГОБ „8 Септември“ каде во тек е реконструкција на седум операциски сали, блокот за патологија, биохемија и целосно опремување на болницата по најмодерни стандарди.

Прашан за поплаките од опозицијата дека вчера не им бил дозволен увид во документација во Агенцијата за национала безбедност рече дека „не би сакал да коментира такви класифицирани работи“.

Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање вчера на седница одлучи членовите на оваа Комисија кои имаат безбедносен сертификат да ја посетат АНБ и да ги разгледаат документите кои ќе им бидат доставени, а беше донесена одлука и денеска да ја посетат Агенцијата за разузнавање.

Комисијата заседаваше по објавата на информацијата дека АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, како и новинари и бизнисмени.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 2 септември информираа дека по насоки на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оформиле предмет во кој се преземаат дејствија на проверки на наводите за следење на премиерот Христијан Мицкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1262.- Силите на кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1321.- Умре италијанскиот писател, филозоф и...
1523.- Умре папата Адријан VI, единствен...
1547.- Роден е холандскиот државник Јохан фан...