Претседателот Црвенковски во работна посета на Србија

Скопје, 15 октомври (МИА) - Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска и утре престојува во работна посета на Република Србија.

Црвенковски ќе учествува на Самитот на земјите од Југоисточна Европа во Караџорџево, посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот, чиј домаќин е претседателот на  Србија Борис Тадиќ.

Претседателот Црвенковски ќе има свое обраќање на Самитот, на кој е најавено учество и на неговите колеги од Албанија, Хрватска, Романија, Црна Гора, Бугарија и од Претседателството на БиХ. Предвидено е собирот да заврши со усвојување на заедничка Декларација на учесниците.

На маргините на Самитот, шефот на македонската држава ќе оствари билатерални средби со своите колеги.

За време на престојот во Србија, Црвенковски  ќе посети и градови и населени места во кои живеат голем број претставници на македонското национално малцинство.

Претседателот Црвенковски придружуван од претседателот Тадиќ ќе го посети местото Јабука каде ќе се сретне со претставниците на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и претседателите на македонските здруженија. 

Двајцата претседатели ќе го посетат и градот Панчево, каде ќе присуствуваат на свеченото отварање на Канцеларијата на Националниот совет на македонското национално малцинство, по што ќе имаат свои обраќања на централната прослава по повод одбележување на 60-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...