Марга Велеска ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобра дебитантска стихозбирка за 2006 година

Скопје, 27 ноември (МИА) - Збирката Тишина на 20-годишната поетеса Марга Велеска од Скопје е добитник на наградата „Даница Ручигај“  за најдобра дебитантска поетска книга за 2006 година.

Книгата содржи 58 песни и според жирито е најдобро дебитантско остварување меѓу сите пристигнати творби по Конкурсот распишан во јануари оваа година.

Издавачката куќа „Пергамент паблик“ ќе ја објави наградената книга во едицијата „Награда Даница Ручигај“, во која секоја година ќе биде објавувано по едно дело на млад поет-дебитант. Наградениот автор добива диплома и повелба „Даница Ручигај“.

Наградата „Даница Ручигај“ минатата година ја востановија издавачката куќа „Пергамент паблик“ и Златица Ручигај-Поповиќ, сестра на првата македонска поетеса Даница Ручигај, која трагично загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.

Прв добитник на наградата беше 15-годишната поетеса Надица Лешникоска, ученичка во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, за збирката Копрена, пргласена за најдобра дебитантска поетска книга во 2005 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...