Александар Ѓурчиновски добитник на нарадата „Млад научник на годината“

Скопје, 2 април (МИА) -  Одборот на Фондот за млади научници „Вита Поп-Јорданова“ денеска во МАНУ на Александар Ѓурчиновски за посебен придонес во физиката му ја врачи наградата „Млад научник на годината“ за 2006. На добитникот му беше врачена диплома и паричен износ од 50.000 денари. Фондот е формиран од семејството Поп-Јорданови, а нагрдата се доделува по петти пат.

- Сакам да му се заблагодарам на професорот Јордан Поп-Јорданов и неговата сопруга Нада за воспостанувањето на оваа награда и традиција. Му се заблагодарувам на советот, и колегите од Институтот за физика кои ме поддржуваа како и на проф. д-р Виктор Урумов со кој соработувам 11 години, рече по примањето на наградата младиот физичар Александар Ѓурчиновски.

Ѓурчиновски е роден во 1977 година во Тетово. Основно и средно училиште завршил во родниот град а дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од 2006 година работи како асистент на Институтот за физика, а моментално е постдипломец по теоретска физика, на отсекот за нелинеарна динамика и хаос. 

Младиот физичар досега има објавено шест самостојни научни труда во реномирани меѓународни списанија, еден самостоен труд во монографија од интернационален карактер, два самостојни научни труда во националното списание „Physica Macedonica“, два научни труда како коавтор во зборници од меѓународни научни конференции, и пет самостојни стручни труда објавени во списанието „Импулс“.

Наградата „Млад научник на годината“ досега ја добиле информатичарот Наташа Марковска во 2002 година, Мирко Тодоровски, енергетичар во 2003, Љупчо Пејов, хемичар во 2004 и Софија Грандаковска, лингвист во 2005 година.

Вита Поп-Јорданова била студентка по медицина и загинала во 1943 година на Скопска Црна Гора при придружување на Британската воена мисија од Албанија за Бугарија. Поетот Ацо Шопов посветил песна за нејзиното загинување со наслов „На Карадак“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...