Претседателот Црвенковски во посета на Полска

Скопје, 8 мај (МИА) - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски на покана од полскиот претседател Лех Качински, од денеска до 10 мај ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Полска.

Покрај средбата со својот полски колга Качински, претседателот Црвенковски, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе има средби и со Маршалекот на  Сејмот и со Маршалекот  на Сенатот, Лудвиг Дорх и Богдан Борушевич.

За време на посетата во Варшава Црвенковски ќе се сретне и со претседателот на Советот на министри на Полска, Јарослав Качински.

На средбите ќе биде разговарано за унапредување на односите меѓу двете земји. Ќе стане збор за  интензивирање на севкупната македонско-полска соработка особено на планот на економската размена и за  евроатлантската интеграција на Македонија и искуствата на Полска.

Во Варшава ќе биде потпишана Спогодба за уредување на соработката меѓу Република Македонија и Република Полска. На вториот ден од посетата Црвенковски со сопругата Јасмина ќе престојува во Краков што каде ќе го посети Јагиелонскиот Универзитет, Мариацката Црква и ќе се сретне со Војводата Малополски Мациеј Клима, се вели во соопштението од Кабинетот на македонскиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...