Младите преземаат локални иницијативи за решавање на нивните проблеми

Скопје, 11 јуни ( МИА) - Младинскиот образовен форум - МОФ денеска го презентира проектот „Младите за отвореното општество - Локална младинска иницијатива“, што започна шести овој месец, а ќе трае до 30 јуни.

МОФ, во соработка со Фондацијата Институт отворено општество, 14 организации и фондации, ќе го имплементира проектот и во следните три години ќе организира 100 настани во различни градови. 

Илија Жупаноски, претседател на МОФ,  на прес- конференцијата информираше за дејствувањето на младите во насока на зачувување на животната средина и јакнење на еколошката свест. 

- Со развојот на локалната младинска иницијатива, младите треба да ги менуваат работите што им пречат и ги ограничуваат и да учествуваат во одлучувањето на локално ниво, рече Жупаноски.

Тој додаде дека тренинг центарот на МОФ ќе организира најразлични тренинзи и обуки од областа на неформалното образование.

- Младите од сите градови во Републикава заслужуваат внимание и треба да бидат слушнати, потенцира Жупаноски.

Ана Бојаџиевска, координатор на дебатната програма во МОФ, најави дека во 15 средни училишта низ земјава ќе бидат отворени дебатни клубови.

- Сакаме да ги поттикнеме младите критички  да размислуваат, да дискутираат за проблемите со кои се соочуваат секојдневно и на тој начин да изнаоѓаат можни решенија за нив, рече Бојаџиевска.

До сега се завршени проектите во Делчево и Штип за зачувување и разубавување на животната средина. Младите во Струга одлучија дека им е најпотребен базен за да спортуваат, а денеска во Ресен се дебатира за дрогата и алкохолот.  

Младинските настани ќе опфатат изложби, концерти, промоции, едукации, тренинзи, јавни дебати, радио работилници, видео клипови, интернет акции и средби со граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...