Прилеп се збратими со турскиот град Тире

Прилеп, 6 јули (МИА) - Прилеп викендов се збратими со турскиот град Тире. Градоначалниците на Тире Мехмет Ситки Ичели и на Прилеп Марјан Ристески по тој повод во Паркот на револуцијата засадија дрво на пријателството и потпишаа Меморанудмот за соработка.

- На овој начин ќе се продлабочи соработката меѓу Македонија и Турција. Ова збратимување ќе биде мост меѓу двете држави. Ќе се соработува на полето на економијата, социјалата и  културата, а ќе има и многу заеднички проекти, најави  градоначалникот Ичели, кој ја предводи турската делегација во Прилеп.

Прилеп, како што рече градоначалникот  Ристески, веднаш ја почнува соработката најавена пред две години во Измир. - На 25 август делегација ќе учествува на фолклорен фестивал во Тире и на Стопански саем во Измир. Стопанската комора ќе подготви и делгација на неколку фирми кои ќе се претстават и ќе разменат информации за настап на странските пазари, вели Ристески.

Градот Тире се наоѓа во близина на Измир, има 80-ина илјади жители и околу 5.000 иселеници од Македонија.

- Тире има фабрики за производство на цигари и затоа може наскоро прилепскиот тутун да стигне во фабриките, а на турскиот пазар да се најде и познатиот прилепски мермер, вели градоначалникот на Тире Ичели.

Двајцата градоначалници најавија дека наредната посета на Прилеп ќе биде од  стопанска делегација од збратимениот турски град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...