Отворен 41. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Охрид, 11 август (МИА) - Во Конгресниот центар  во Охрид денеска беше отворен 41-виот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, на кој ќе учествуваат околу сто слушатели од 22 држави.

Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Ѓорги Мартиновски на отворањето на Семинарот истакна дека оваа манифестација претставува значајно остварување  за Универзитетот, за Охрид и за целата држава, оттаму што повеќе од четири децении оваа манифестација претставува голема заложба во севкупното претставување на македонската национална култура во светот.

- Меѓународниот семинар  преку својата стручно научна дејност во областа на македонистиката  од своите скромни почетоци до денес прерасна во единствена наставна научна и културна институција од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар, рече Мартиновски, нагласувајќи дека Семинарот преку своите активности успеал да создаде бројни познавачи на македонскиот јазик, а со тоа, како што рече, Универзитетот и Република Македонија се здобија со бројни амбасадори, лобисти и верни пријатели во светот.

- Владата на Република Македонија  ја прогласи 2008-ма за година на македонскиот јазик, а Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ преку сиот свој академски потенцијал ја поддржува оваа значајна државна мнифестација. Универзитетот активно ќе учествува и во организирањето на првиот Меѓународен славистички конгрес закажан за септември кој е еден од најголемите научни институции во деценијата, истакна Мартиновски.   

Директорот на Семинарот Емилија Црвенковска за научниот собир што ќе трае до 28 август рече дека е предвидена богата програма со предавачи, голем број академци,  истакнати македонски научни и културни работници.

Во склоп на Семинарот ќе биде одржана и 35-тата научна конференција  во чија работа досега имаат учествувано  повеќе од 1.200 претставници од 50 светски универзитетски центри. Вообичаени теми во рамките на Семинарот се литературната и лингвистичката секција, македонскиот јазик и литература наспроти другите литератури и јазици, посебна тема посветена на стогодишнината од раѓањето на Коста Рацин, како и други бројни поспецифични теми од областа на лингвистиката.

Во рамките на првиот ден од работата на Семинарот беше промовиран зборникот  „Компаративна фонологија и морфологија на македонскиот јазик“ од Франтишек Вацлав Мареш, познат славист од Виенскиот универзитет. Како што изјави професорот по славистика Влоѓимјеж Пјанка, инаку и самиот колега на починатиот Мареш, станува збор за превод на сите трудови  на Мареш што се однесуваат на македонскиот јазик и македонската култура во поширока смисла.

- Тоа се темелни трудови за македонистиката и македонската лингвистика, бидејќи во трудовите се опфатени  не само македонистички проблеми, туку и посебноста на македонскиот јазик настанат од старословенскиот. Мареш се занимаваше и со старословенскиот јазик, беше редактор на двата големи речника на старословенски јазик - едниот завршен и објавен во Прага и вториот незавршен во Загреб, на кој се уште се работи, истакна угледниот славист и македонист Пјанка, кој за овој семинар има  подготвено пет авторски реферати.

Првпат по завршувањето на Семинарот ќе се одржи тридневна македонистичка конференција, потоа и научна конференција што традиционално се одржува секоја година, а од 10 до 16 сетпември Охрид ќе биде домаќин  на Светскиот  славистички конгрес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...