Претседателот Црвенковски во посета на Хрватска

Скопје, 5 ноември (МИА) - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, на утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.

За време на престојот, претседателот Црвенковски, како што соопшти неговиот кабинет, покрај со својот домаќин хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, ќе се сртене и со  премиерот Иво Санадер, со потпретседателот на Саборот Владимир Шекс, како и со градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.

Предвидени се средби и со претседателот на Социјалдемократската партија Зоран Милановиќ, со претседателот на Хрватската стопанска комора Надан Видошевиќ, со директорот на Агенцијата за промоција на извозот на инвестиции Слободан Мицхем и со претседателот на Хрватската задруга на работодавачи Дамир Куштрак. 

Претседателот Црвенковски ќе ја посети и Риека, каде што ќе разговара со заменик жупанот на Приморско–горанската жупанија Нада Турина Ѓуриќ и со градоначалникот Војко Оберснел. На Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека официјално ќе го означи почнувањето со работа на Лекторатот за македонски јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...