Доделени наградите за најдобри изданија меѓу два саема на книга и либрографика

Скопје, 13 април (МИА) - Здружението на издавачите и книжарите на Македонија вечер во рамки на 21. Саем на книга и либрографика ги врачи традиционалните награди за најдобри изданија меѓу два саема.

Едицијата „130 тома македонска книжевност“, проект на Министерството за култура,  ја доби наградата за најдобро оригинално издание.

Награда за најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн доби изданието „ВИНО култура и традиција“ на д-р Мишо Христовски, издание на Институтот за менаџмент и знаење.

Наградата „Јаков на Камена Река“ за најдобро отпечатена книга меѓу двата саема и е доделена на печатницата а.д. „Напредок“ од Тетово за книгата „Чудата на светот“, издание на „Детска радост“ Скопје.

За најдобро илустрирано издание е прогласена сликовницата „Ѕвезда во ноќта“ на илустраторот Игор Јовчевски, издание на „Просветно дело“ и сликовницата „Македонија“ на илустраторот Раде Дичоски, издание на „Македонија презент“ од Скопје.

Наградата за најдобар книжар меѓу двата саема му припадна на Зоран Митрушевски од книжарницата ИН-ХЕМ од Скопје.

Утре е последниот ден на 21. Саем на книга и либрографика. Шеесет и четири издавачки куќи од 8 април учествуваат на годинашниот саем на книга, претставувајќи ги своите изданија во втората и третата саемска хала. На површина од 7.000 метри квадратни се претставија домашни и издавачи од соседните земји.

На најмасовната редовна културна манифестација во земјава беше презентирана најновата книжевна продукција, жанровски разновидна литература, илустрирани изданија, канцелариски материјали и опрема. Саемот организираше секојдневни промоции на издавачите и голем број средби со автори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...