петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Футурама / Наука

Примат стар 47 милиони години

Група палентолози од повеќе земји во Природо-научниот музеј во Њујорк презентираа фосилни остатоци на женка примат, чија старост се проценува на 47 милиони години, за која се претпоставува дека би можела да биде заеднички предок на луѓето и мајмуните.

Фосилните остатоци на приматот, кого научниците го нарекоа Ида, се откриени во 1983 година недалеку од Франкфурт во Германија и се сметаат за најцелосни што се пронајдени досега.

Научниците истакнаа дека овој примерок на примат сличен на лемур, чие латинското име е Darwinius Massilae во чест на Чарлс Дарвин, би можел да биде еден вид „алка што недостасува“ во еволуционен вид, односно заедничките предок на човекот и мајмунот.

Скелетот на Ида, кој е целосен 95 отсто, бил продаден на колекционери на еден специјализиран саем во Германија. Тој долго време бил разделен на два дела се додека научниците не ја откриле неговата важност, повторно го составиле и почнале да го проучуваат.

По обликот на коските и некои други показатели Ида била млада женка од само девет месеци. Нејзината тежина се движела од 650 до 900 грама, а висината во која е пресметана и должината на опашката достигале еден метар. Палецот, одвоен од другите прсти без канџи потврдува дека станува збор за примат. 

Изненадувачки добро сочуваниот фосил овозможува детален увид не само на скелетот на животното, туку и на меките делови од телото, дури и на содржината на желудникот.

- Ида била тревопасно животно и се хранела со овошје, зрна и листови. Многу наликува на денешните лемури, изјави Јен Францен, германски експерт за фосили од Институтот за научно истражување во Франкфурт обраќајќи им се на новинарите во Природо-научниот музеј во Њујорк.

За истражувачите тоа е како да го пронашле бродот на Ное, рече Јорн Хурум, палеонтолог од Универзитетот во Осло, истакнувајќи ја големата важност на тој фосил за разбирање на еволутивниот вид и потеклото на човекот. - Овој фосил ќе се наоѓа во сите дидактички прирачници во наредните сто години, рече тој.

- Во објаснувањето на еволуцијата на приматот тешко може да се замисли покомплетен скелет од овој, оцени Холи Смит, антрополог од Универзитетот во Мичиген, кој исто така учествуваше во претставување на големото откритие.

Значењето на ова животно е во тоа што неговото место се наоѓа точно пред разделување на две гранки во еволуцијата, вид кој од една страна води до мајмуните и луѓето и од друга страна до лемури и другите примати одвоени  од хомо сапиенсот.

- Тоа  е тој елемент кој недостасуваше и кој порано не можевме да го анализираме, истакна Филип Гингерич, експерт за примати во Универзитетот во Мичиген.

Американската кабелска телевизија „Хистори“ наскоро ќе емитува документарен филм посветен на оваа откритие наречен „Алка“.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи