Скопје, 9 септември (МИА) - Тимот одговорен за безбедност на facebook стапи во контакт со Единицата за борба против компјутерски криминал и го извести МВР дека од нивна страна се направени напори за отстранување на неправилноста, односно спорната апликација.
Единицата за борба против компјутерски криминал го обезбеди списокот на компромитирани е-маил адреси и пасворди непосредно пред отстранување на неправилноста и блокирање на лажната страна за логирање на facebook .
МВР денеска соопшти дека последниот список на компромитирани податоци со кој располага Единицата за борба против компјутерски криминал брои 20.078 е-маил адреси со пасворди.
Проверка за компромитирани податоци може да се направи на интернет страницата на Министерството за внатрешни работи
www.mvr.gov.mk.