14 деца од ОУ “Рајко Жинзифов“ затруени во училишната менза

Четиринаесет ученици од основното училиште “Рајко Жинзифов“ во скопската населба Драчево вчера вечера биле примени на Инфективната клиника поради симптоми на труење со храна.

Уште во текот на вчерашниот ден десетина деца кои посетувале целодневна настава во училиштето си заминале дома порано бидејќи им било лошо. Подоцна сите 14 деца поради влошената здравствена состојба биле примени на Инфективната клинка.

Портпаролот на општина Кисела Вода под чија надлежност е училиштето вели дека денеска 13 деца биле пуштени на домашно лекување, само едно девојче е задржано, но и тоа е во добра состојба.

Се претпоставува дека децата се затруле откако јаделе во училишната менза.

“Известен е Државниот санитарен инспекторат и тие излегоа на терен. Земени се мостри од кујната и храната. Во моментов кујната е затворена и таа не се употребува“, вели Марјан Спасески, портпарол на општина Кисела Вода.

Тој додава дека училиштето било краен корисник на храната, од која најверојатно се затруле децата. Храната за учениците во училиштето ја доставувало приватната фирма ФУДО Младост.

Директорот на училиштето уште синоќа откако бил известен за труењето ги посетил децата во болница.

Точниот предизвикувач на труењето кај 14-те ученици ќе се знае откако ќе се добијат конечните наоди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...