Груевски го означи стартот на реконструкцијата на магистралниот пат Струмица – Дојран

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Струмица на симболичен начин го означи почетокот на реконструкцијата на магистралниот пат Струмица – Дојран, во должина од 31 километар. За обновата на оваа магистрала, преку државната Агенција за патишта Владата ќе инвестира околу 2,5 милиони евра, а патот треба да биде пуштен во употреба за осум месеци.

- Она што го ветивме во нашата Програма ние го остваруваме според предвидената динамика, и покрај светската економска криза. Освен овој пат, во тек на изградба во овој регион се уште две значајни сообраќајници: Струмица – Радовиш и Куклиш – Банско, кои исто така наскоро ќе бидат готови и пуштени во сообраќај. Владата продолжува со несмалено темпо да инвестира во изградбата и реконструкцијата на патната инфраструктура во Републикава и досега се изградени или се во тек на изградба стотици километри магистрални и регионални патишта. Ова е од огромно значење не само за побрзиот економски развој на земјата, туку и за привлекување на странски инвестиции, истакна премиерот Груевски.

Во придружба на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, премиерот Груевски попладнево го посети и локалитетот Римска терма во Бања Банско, еден од најзначајните споменици на културата на овие простори од периодот на Римската империја.

Премиерот беше информиран дека за археолошките ископувања на овој локалитет, како и за реконструкција на Термата за што досега Владата инвестирала значајни средства, а и во иднина се предвидени низа активности за целосно заокружување на комплексот Римски бањи во Банско.

Значителни се вложувањата на Министерството за култура и на Владата и за истражување и зачувување на другите споменици на културата во Струмица како што се Цареви кули, Св. Петнаесет, Орта џамија и други.

Прашан за реакцијата на албанските партии околу „Македонската енциклопедија“ на МАНУ, премиерот Груевски изјави дека во моментот не може ништо да каже и коментира и додаде дека секој што е заинтересиран за ова прашање може да се обрати до МАНУ, која е издавач и која го подготви овој капитален проект.

На новинарско прашање како ја коментира неодамнешната изјава на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски во врска со социјалните пакети на Владата за евтино здравство и бесплатни станови, каде Црвенковски го нарекол Груевски ултралевичар, премиерот одговори дека тоа не е никакво ултралевичарство, туку модерен тренд на конзервативните партии и такви социјални пакети има речиси во сите земји во Европа и во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...