Македонија создава позитивна клима во разговорите за името

Њујорк, 23 септември (МИА) – Целта на САД е да ја видат Македонија што побрзо интегрирана во НАТО и во ЕУ. Вашингтон сака да се најде решение за спорот за името и ги охрабрува Скопје и Атина по изборите во Грција да ги продолжат разговорите со посредство на Метју Нимиц.

Ова го порача американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг на синоќешната средба во Њујорк со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, јави известувачот на МИА.

Заменикот на Хилари Клинтон, како што изјави амбасадорот на САД во Скопје Филип Рикер кој присуствуваше на средбата, се надева дека двете страни по изборите во Грција на 4 октомври ќе го задржат фокусот на преговарачкиот процес.

- Се надеваме дека процесот ќе продолжи штом се формира новата грчка влада и оти двете земји ќе ја искористат шансата и со помош на медијаторот Нимиц ќе постигнат напредок и ќе најдат решение што е можно побрзо, рече Рикер. САД остануваат подготвени да го помогнат и поддржат процесот.

Стајнберг му честитал на Иванов за позитивната клима постигната во разговорите за името со Грција во изминатите четири месеци од неговиот претседателски мандат. Истакнал дека Македонија работела напорно и направила голем напредок и во исполнувањето на реформите потребни за членство во евроатланските организации, за што има силна поддршка од Вашингтон.

Претседателот Иванов нагласил дека Македонија искрено сака да се најде решение и постојано е подготвена да разговара за надминување на единствената пречка за нејзината интеграција во НАТО и ЕУ. Се надева дека по изборите во Грција ќе се задржи досегашната динамика на преговарачкиот процес. Ги пренел и македонските очекувања за позитивен извештај од Европската комисија, но и за политичка одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

Иванов и Стајнберг разговарале и за Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка меѓу САД и Македонија, која е оценета како многу важна за билатералните односи. Македонските војници во Авганистан, како и договорената нова заедничка мисија со Националната гарда на Вермонт, од американска страна се гледаат како важни чекори во градењето на стратегиското партнерство. Покрај во воената сфера, САД очекуваат соработката да се прошири и во други области.

Шефот на македонската држава денеска во Њујорк треба да се сретне и со Тони Блинкен, советникот за национална безбедност на американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Иванов претпладне по њујоршко време ќе има средба и со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...