Милошоски на министерски состанок во Будимпешта

Скопје, 6 октомври (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска  во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група - Унгарија, Полска, Чешка и Словачка,  земјите идни претседавачи со ЕУ - Белгија и Шпанија, како и земјите од Балканот - Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Министерството за надворешни работи соопшти дека одржувањето на состанокот во ваков формат, а на инцијатива на Република Унгарија, како иден претседавач со ЕУ (1 јануари – 30 јуни 2011 година), е во функција на обезбедување навремена и поширока поддршка во рамките на ЕУ за забрзана евро-интеграција на земјите-кандидати и потенцијални кандидати од Балканот.

Посебно е значајно, се наведува во соопштението, што на состанокот ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји претседавачи со ЕУ во 2010 - Шпанија и Белгија, во услови кога се финализира заедничката осумнаесетмесечна Програма на трите следни претседателства со ЕУ – Шпанија, Белгија и Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...