Романот „Еднонасочно“, добитник на наградта Петре М. Андреевски за 2009, промовиран во Гевгелија

Гевгелија, 7 октомври (МИА) - Романот „Еднонасочно“ на младиот гевгелиски автор Стефан Марковски синоќа ја доживеа својата прва промоција пред книжевна публика во Гевгелија, претставен како Роман на годината и добитник на наградата Петре М. Андреевски што ја доделува Фондацијата Рамковски.

Делови од наградениот роман пред присутната публика во хотелот „Аполонија“ читаше артистот Славко Нинов, а за инспиративната средба со делото на овој 19-годишен литерат од Гевгелија зборуваше Анета Василева, член на наградното жири. Василева го најави Марковски како нов македонски Алберт Ками, посакувајќи му напредок и успех во литературните стремежи, кои ги започнал на 11-годишна возраст, а се закитил и со награда  од МАНУ за најдобар расказ за 2008 година.

Претседателот на Фондацијата Рамковски, Георги Барбаровски за романот „Еднонасочно“  рече дека е модернистички, базиран на камиевите принципи, откривајќи еден свет во подземјето кој го создал Стефан и, преку неговата конзистентност неразбирлива за современиот свет, го покажува апсурдот на човековата отуѓеност.

- Изгубивме многу од традиционалните вредности и можеби тоа е предупредување од еден млад човек кој се најавува како силна творечка пројава во нашата литература, издигнувајќи ги на висок степен моралните принципи  со кои треба да се разубави и спаси општеството од декаденција, нагласи Барбаровски.

Стефан Марковски е студент на прва година на Природно математичкиот Факултет во Скопје. За своето дело вели дека бил инспириран од средината во која живее, од луѓето што ги среќава. Ерозијата на културна комуникација на денешницата ја доживува како  пропаст на измислениот град Танатеа велејќи дека за тоа нема да бидат криви другите, туку самите ние ако не сватиме дека „овде сме само привремено“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...