До Самитот на ЕУ да се реши спорот за името

Брисел, 16 октомври (МИА) -  Би било фер Советот на ЕУ да одреди разумна временска рамка за почеток и водење на пристапните преговори со Македонија. Но, одлуките во Советот се носат со консензус на сите 27 членки, вклучувајќи ја и Грција. Затоа периодот до Самитот на ЕУ во декември треба да се искористи за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за името, што ќе гарантира консензус во Советот.

Ова во изјавата за МИА го истакнува словенечкиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за Македонија Зоран Талер.

Тој очекува „сите засегнати страни да ја искористат можноста по неодамнешните избори во Грција, и верува дека Солунската агенда, креирана од новиот грчки премиер Јоргос Папандреу уште во 2003 година, ќе добие нов импулс“.

Талер, исто така, го поздравува говорот на премиерот Груевски по повод 11 Октомври, во кој нагласи дека „како политичари, тој и грчкиот премиер имаат обврска да бараат и изнајдат решение и оти македонската страна е подготвена интензивно да бара решение и влегува во овој процес на исклучително конструктивен начин’’.

Се надева дека наредните недели до Самитот на ЕУ во декември ќе бидат искористени за решавање на прашањето што ќе овозможи старт на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

И неговиот колега - германскиот европарламентарец со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис, исто така, известувач на ЕП за Македонија, смета дека соработката меѓу Атина и Скопје околу прашањето за името ќе има клучна улога при одлучувањето на Советот на ЕУ во декември за одредување датум за почеток на преговорите

- Советот на ЕУ одлучува по ова прашање. Грција е дел од Советот на ЕУ. Соработката меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија околу прашањето за името ќе има клучна улога во однос на започнувањето пристапни преговори, вели за МИА Шацимаркакис.

Во однос на визната либерализација, пак, Зоран Талер, истакнува дека Македонија прва од земјите од Западен Балкан ги исполни сите услови за симнување на европската визна бариера од 1 јануари 2010.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...