Продолжува судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Скопје, 19 октомври (МИА) - Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески треба да продолжи денеска во скопскиот Кривичен суд.

Последното рочиште од судењето што почна пред една година во кое како обвинет е Ѓорги Ѓорѓиевски, возачот на џипот на Тоше, беше одложено пред пет месеци затоа што пред Судот не се појави возачот на камионот Славиша Кузмановиќ во кој се удри џипот.

Адвокатот на обвинетиот Ѓорги Ѓорѓиесвки, Силвија Џилвиџиева, смета дека само со непосреден распит на возачот на камионот ќе се расчистат многу дилеми што се однесуваат на несреќата.

Од македонското Министерство за правда, пак, велат дека Кузмановиќ и да ја прими поканата, сам решава дали ќе ја прифати и ќе дојде на судење.

Трагедијата во која животот го загуби 26-годишниот Проески се случи пред две години на 16 октомври на автопатот Белград - Загреб, во близина на Нова Градишка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...