Завршница на судењето за сообраќајката во која загина Тоше

Скопје, 21 октомври (МИА) - Одбраната и обвинителството денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да ги дадат завршните зборови, по што се очекува да биде донесена пресудата од која ќе се знае дали Ѓорги Ѓорѓиески е виновен за несреќата во која пред две години животот го загуби македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Последното рочиште од судскиот процес што почна пред една година, а во кој обвинет е Ѓорѓиески, возачот на џипот на Тоше, беше одржано пред два дена.

На ниту едно досега одржано рочиште не се појави возачот на камионот Славиша Кузмановиќ во кој се удри џипот.

Поради отсуствата на сведокот Судот во понеделникот реши да ги прочита неговите два исказа дадени во општинскиот суд во Белград.

Според Кузмановиќ, критичниот момент возел со брзина од 80 километри на час, на десната лента на автопатот кај  Нова Градишка, кој, како што изјавил бил сув. Почувствувал страотен удар во приколката и продолжил да вози без кочење уште 20 метри.

Според него, џипот „туарег“ се движел со брзина од 170 километри и колку што му било познато немало траги на кочење.

Адвокатот Стеван Ацески полномошник на семејството Проески го информира Судот дека не бараат отштета од обвинетиот, но дека остануваат на барањето за негова кривична одговорност.

- Кузмановиќ тврди дека тој го управувал по десната сообраќајна лента, за разлика од обвинетиот кој тврдеше дека возилото што го управувал Кузмановиќ се шетало по левата, односно десната сообраќајна лента, рече Ацески.

Обвинетиот Ѓорги Ѓорѓиески сведочеше дека кога три дена по несреќата од медицинска сестра разбрал дека Тоше е загинат сакал да се самоубие.

Судот не ги прифати предлозите на неговиот адвокат Силвија Џилвиџиева за ново вештачење и за сослушување на претставници од фирмите „Бош“ и „Порше“. Џилвиџиева остана на барањето да биде сослушан возачот Славиша Кузмановиќ.

Трагедијата во која животот го загуби 26-годишниот Тоше Проески се случи пред две години на 16 октомври на автопатот Белград - Загреб, во близина на Нова Градишка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...