Две години затвор за Ѓорги Ѓорѓиески

Скопје, 21 октомври (МИА) -   Кривичниот суд во Скопје денеска му одреди казна затвор од две години на Ѓорги Ѓорѓиески, возачот на џипот „туарег“, во кој пред две години загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Според Судот, причина за сообраќајната несреќа биле непочитувањето на сообраќајните правила, недоволно растојание меѓу возилата, како и возење со непрописна брзина.

Претходно,  обвинителство и одбраната на обвинетиот Ѓорѓи Ѓорѓиески ги дадоа последните зборови пред завршната пресуда.

Според обвинителството Ѓорѓиески во моментот на несреќата возел со 152 километри на час, што било спротивно со ограничената брзина. Во услови на намалена видливост и неприлагодена брзина на коловозот Ѓорѓиески задоцнето го почнал претекнувањето што било главната причина за ударот. Обвинителството побара Ѓорѓиески да биде казнет поради небрежност.

Одбраната на Ѓорѓиески, повторно посочи на контрадикторноста во вештачењето на џипот укажувајќи дека голем пропуст е што во целиот судски процес не се појавил возачот на камионот Славиша Кузмановиќ, кој не само што бил сведок, туку бил и втор учесник во несреќата.

Одбраната побара од Судот да се земе во предвид и нарушената психичка состојба на Ѓорѓиески, како и ненадоместливата штета што му била нанесена со загубата на неговиот најдобар другар.

Трагедијата во која животот го загуби 26-годишниот Тоше Проески се случи пред две години на 16 октомври на автопатот Белград - Загреб, во близина на Нова Градишка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...