Изјавите на Бошкоски се предавнички

Скопје, 24 ноември (МИА) - Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски ги оцени како предавнички изјавите на Љубе Бошкоски дадени на сослушувањето во Пула, Хрватска.

 - Сега конечно падна маската на Љубе и не може повеќе да го лаже народот и целокупната македонска јавност со неговите хистерични изјави. Што и да каже се е јасно, зошто е тој ослободен, а зошто Јохан е осуден на 12 години затвор, изјави денеска Александар Колевски од Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски.

Тој рече дека Љубе ги предал не само Јохан, туку и сите кои со векови се бореле и ќе се борат за Македонија.

Адвокатот на Тарчуловски,  Јордан Апостолски рече дека изјавите на Бошкоски нема да влијаат врз одлуката на Судот по жалбата на пресудата со која тој е осуден на 12 години затвор.

- Се уште ја анализираме оваа изјава и сме изненадени од неа. Во консултации со колегите од Њујорк ќе се договориме за натамошните мерки што ќе ги преземеме, рече адвокатот Апостолски. 

Тој истакна дека во овие четири и пол години Јохан не посочил со прст на никого. - Иако имаше шанса да се извади тој од почеток на нашето ангажирање инсистираше на секаков начин да му се помогне на Љубе Бошкоски, рече Апостолски.

Обвинувањата од Здружението доаѓаат откако вчера беше објавена снимка во медиумите со дел од изјавите на Љубе Бошкоски во судот во Пула, во врска со случајот за кој тој и Тарчуловски беа судени во Хашкиот трибунал.

Љубе Бошкоски и Јохан Трачуловски беа единствените македонски државјани кои беа процесуирани во Хашкиот трибунал за случувањата за време на конфликтот во Македонија во 2001 година. Судскиот совет на 12 јули лани го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршени злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски го осуди на затворска казна од 12 години. 

Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски претпладнево одржа мирен собир во родното село на Јохан, Љубанци, за негова поддршка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...