Сега е моментот да се реши спорот со Грција

Скопје, 2 декември (МИА) - Препораката од Европската комисија за отпочнување преговори за членство во ЕУ и визната либерализација за Македонија треба да бидат поттик за решавање на спорот за името со Грција, и натамошна интеграција на земјата во Унијата.  И покрај чувствителноста на ова прашање, мислам дека има политичка волја на двете страни за конечно решавање на ова прашање, порача претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски.

Тој смета дека Македонија и нејзините граѓани направиле исклучителни напори во процесот на пристапување во Унијата, со исполнување на критериумите за отпочнување на преговорите за членство.

Заради тоа, смета Баросо, Македонија треба да го реши спорот со Грција, и да продолжи со исполнување на одредниците за членство во ЕУ и забрзување на реформскиот процес.

Македонскиот премиер потврди дека Македонија останува посветена на европската агенда  и оти ќе продолжи и натаму напорно да работи за остварувања на таа цел, која, како што рече, е во интерес на сите нејзини граѓани.

- Ние и понатаму ќе се трудиме да ги решаваме сите отворени прашања, а со тоа и дојдеме до решение за прашањето со спорот што го отвори Грција поврзан со нашето име. Во изминатиот период имаше интензивни разговори помеѓу Македонија и Грција. Дијалогот е воспоставен како никогаш досега, а  има и интензивни разговори под покровителство на посредникот на ОН. Сепак, се уште немаме сериозен суштински напредок поврзан со прашањето, истакна македонскиот премиер.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека е уверен оти има многу место за грчката влада да биде пофлексибилна во овој спор.

- Грција може да ни даде шанса да почнеме со преговорите и да продолжиме со интензивните разговори поврзани со спорот за името. Мислам дека може непосредно да се водат и преговорите за членство во ЕУ и разговорите за името. Грција може да не блокира на патот кон ЕУ многу пати при секое отворање или затворање на поглавјата или на крајот, но сметам дека блокадата нема да биде решение, туку само дополнително ќе ги оддалечи двете земји, рече премиерот Груевски додавајќи дека тоа го покажала и грчката блокада за членството на Македонија во НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...