Василичарски карневал во Вевчани

Скопје, 13 јануари (МИА) - Вевчанци денеска напладне ќе го одржат традиционалниот Василичарски карневал, посветен на Свети Василиј Велики и изгонувањето на злото и обичаите поврзани со него.

„Се може да се одложи, само Вевчанскиот карневал не“ е традиционална вевчанска поговорка со која вевчанци денеска уште еднаш ќе му покажат на светот дека народ што има обичаи и традиција не може да изумре.

Колку и да е познато она што ќе може да се види на маскенбалот, Вевчани сепак ќе изненади со присуството на новите маски затоа што секоја маска почнува да се обмислува и креира со завршувањето на претходниот карневал. На манифестацијата може да се осети вевчанскиот дух и мајтап и да се види дека во Вевчани на никого не му се простува, ниту на големец, ниту на обичен човек.

Корените на Вевчанскиот карневал се од паганството, а неговата долгогодишна традиција претставува спој на митското и прастарото со современото. Во последно време традицијата се менува и се повеќе жени се маскираат и учествуваат на Карневалот. Тие порано не само што не смееле да учествуваат, туку и не смееле да присуствуваат и да ги гледаат маскираните мажи. Се почесто можаст да е видат и маскирани деца, кои се гаранција дека традицијата нема да изумре.

Карневалот има интернационален дух бидејќи учествуваат се повеќе гости од странство. За годинава се најавени гости од Србија, а досега имало учесници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Турција. 

Манифестацијата започна вчера попладне со импровизиран саем за алтернативен туризам и концерти на Владо Јаневски, Влатко Стефановски и групите Милко и Рибља Чорба. Новина на годинашното издание беше Новогодишниот базар на кој вчера се претставија ракотворци и производители на домашни сувенири.

Годинашни организатори на Вевчанскиот карневал се Тетрагон, Асоцијацијата за алтернативен туризам „Балканика“ и здружението „Деница“, а традиционални поддржувачи се министерствата за култура и економија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...