Нема масовен бојкот на наставата

Скопје, 20 јануари (МИА) - Министерот за образование и наука Никола Тодоров ја оцени добра состојбата на терен на првиот ден од воведувањето македонски јазик за првачињата од етничките заедници, иако, како што беше и најавено, учениците Албанци некаде ги бојкотираат часовите по македонски јазик.

Тој на прес-конференција денеска рече дека е задоволен од ситуацијата, зашто бојкотот не бил масовен и не се радикализирал, но не прецизира што ќе преземе за да биде спроведена одлуката на Министерството за образование и наука за часови по македонски јазик.

- Задоволен сум што денеска немаме масовен бојкот на наставата. Вродија со плод моите апели и мислам дека превлада разумот. Донесена е разумна одлука учениците да не бидат жртва на некои политички процеси во Република Македонија. Беше најавен многу порадикален бојкот. Јас апелирав да нема таков бојкот и децата да не се изведат надвор од училиштата, рече Тодоров.

Директор на Управата за унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците Реџеп Али Чупи  ја оцени новата образовна мерка за исклучително значајна за помалите етнички заедници чиј мајчин јазик е различен од македонскиот.

Тој истакна дека одлуката на МОН е прифатена од сите одделенија во Управата на петте помали етнички заедници (турска, ромска, српска, бошњачка и влашка).

- Од терен увидуваме дека нема никаков отпор од родителите на тие ученици во однос на оваа нова мерка. Ова е позитивна одлука и ќе придонесе за поквалитетно разбирање на материјата што, пак, е предуслов за постигнување подобри резултати во воспитно-образовниот систем и полесна интеграција и интеракција со останатите ученици, рече Чупи.

Околу 320 илјади основци и средношколци по дваесетдневниот зимски одмор денеска се вратија во училишните клупи, во второто полугодие на учебната 2009/2010 година.

Воведувањето македонски јазик за првачињата од етничките заедници е новина во второто полугодие. Пред почетокот на учебната година Министерството за образование и наука  донесе решение за наставен план со кое е предвидено немнозинските етнички заедници да го учат македонскиот јазик од прво одделение, почнувајќи од второто полугодие оваа година.

Одлуката наиде на отпор кај родителите на учениците Албанци во прво, кои според податоците на МОН се околу седум и пол илјади. Неколку невладини организации од Скопје, Тетово и Гостивар поднесоа иницијатива до Уставниот суд за нејзино укинување.

Министерот за образование и наука Никола Тодоров апелираше  дека нема основа за нејзино поништување, појаснувајќи дека децата само фонетички ќе го учат македонскиот јазик со својот одделенски наставник, а дека описменувањето ќе почне во четврто одделение со предметен наставник по македонски јазик.

Тодоров побара од градоначалниците на општините со мнозинско албанско население со својот авторитет да попречат бојкот на наставата нагласувајќи дека таквата одлука е политичко искористување на учениците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...