Средба Милошоски-Друцас

Лондон, 28 јануари (МИА) - Посетата на медијаторот Метју Нимиц на крајот на февруари или на почетокот на март би била добра можност уште еднаш и Македонија и Грција да му ги образложат своите позиции и истовремено да му се даде поттик за неговиот ангажман за понатаму да ја динамизира неговата работа и да се очекува напредок, се согласија на денешната прва билатерална средба во Лондон македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Димитриос Друцас.

Министерот Милошоски оценувајќи ја средбата како навремена, јави известувачот на МИА, потенцира дека било разговарано за билатералниот спор за употребата на уставното име на Република Македонија.

Според шефот на македонската дипломатија грчката страна била резервирана во однос на иницијативата за подигнување на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина.

На средбата не било разговарано за отворање на новиот граничен премин кај „Маркова нога“.

Како што изјави по средбата Милошоски во врска со македонската иницијатива за потпишување спогодба за ослободување од двојно оданочување грчкото Министерство за финансии веќе го разгледува предлогот, а македонското Министерство е подготвено, но останува да се види каква ќе биде политичката одлука од страна на Грција.

Милошоски на маргините на Конференцијата имаше кратка средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон на која биле разменети мислења за ангажманот на Македонија во Авганистан и за придонесот што го даваме како единствен член во коалицијата кој е сеуште кандидат за членство во НАТО, а се наоѓа на четврто место по придонесот во мисијата ИСАФ.

Министерот Милошоски во врска со прашањето за името и ги појаснил на Клинтон македонските позиции и иницијативи, но и подготвеноста на државата на заеднички начин со Грција како што рече да се придвижиме напред за да можеме да стигнеме до компромисно решение кое би било во согласност со меѓународните норми со времената спогодба и со принципите на почитување на правото на самоопределување на секој народ.

Шефот на македонската дипломатија Милошоски на крајот од Конференцијата во Лондон потенцира дека Македонија го поддржува планот на авганистанската влада за стратегијата  за транзиција, а таа поддршка, оцени треба да продолжи од целокупната меѓународна заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...