Македонија има само уште еден проблем - името

Брисел, 24 февруари (МИА) - Не е прашање Македонија да го фати возот со Исланд, туку да најде решение за последниот проблем-името, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес-конференција во Брисел.

-  Бев во Скопје, се сретнав со македонските политичари и бев охрабрен од нив дека сега постои добра прилика во наредниве месеци да се реши пречката која преостанува и да започне пристапниот процес. Од мене тие слушнаа охрабрувачки зборови за да се најде решение заедно со грчките власти што поскоро. Мојата желба е претпристапните преговори со оваа земја да започнат оваа година, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе објави Дојче Веле програма на македонски јазик.

На прашањето дали Македонија треба да го фати возот со Исланд за преговори, затоа што е тешко да се стартува институционалната машина за мали земји секоја година и дали во спротивно ќе треба да го чека возот со Србија, еврокомесарот Филе ја повтори пораката да се најде решение за како што вели, последниот проблем - името.

- Во случајот со Скопје, не е прашање на фаќање на возот со Исланд, туку е прашање на наоѓање решение за последниот проблем, а тоа е името. Штом ова решение е најдено, мислам дека земјите-членки јасно кажаа дека се подготвени да дадат зелено светло за пристапувањето и за старт на процесот, истакна Филе.

Според него, името е единственото прашање кое ја дели  Македонија од доделување датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.   

- Европската комисија јасно стави на знаење во препораката дека преговорите треба да почнат и дека Македонија во најголем дел ги исполнува сите релевантни бенчмаркови и доволно ги исполнува Копенхашките критериуми. Во рамките на Европскиот совет јасно е дека преостанува само еден проблем пред зеленото светло за пристапните преговори, а тоа е името, подвлече еврокомеарот за проширување Штефан Филе на прес - конференцијата по денешната одлука на ЕК да препорача отпочнување на преговори со Исланд за зачленување на оваа земја во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...